Анита Гербиц како Кристијано Роналдо (ФОТО)

Анита Гербиц заедно со Едуарда Аморим се двете ракометарки што имаат освоено по пет титули во најелитното европско натпреварување.

По вчерашната победа над Ростов Дон, двете се искачија на второто место на вечната листа, а пред нив останаа само легендарните Аусра Фридрикас и Бојана Поповиќ.

Гербиц по финалниот натпревар се пошегува на социјалните мрежи и објави фотографија со „петка“ со која алудира на петте титули во Лигата на шампионите, исто колку што има освоено и еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо.

Тој ја освои Лигата на шампионите пет пати, еднаш со Манчестер Јунајтед и четири пати со Реал Мадрид.

 

View this post on Instagram

 

#championsleague#winner#5times @cristiano

A post shared by Görbicz Anita (@gorbe13) on