Андоновски: Раул е тренериште, ама Македонија му е заморче за експерименти!

Македонија загуби од Шпанија со 32-21 во четвртото коло од Мундијалот во Германија и Данска, но сепак остануваат шансите за пласман во главната рунда. Последен ќе биде мечот со Исланд, кој ќе реши за последниот патник во Келн покрај Хрватска и Шпанија.

Нашата игра седум на шест, која често ја практикуваме на ова СП, предизвика реакции во ракометната јавност. Стандардно, на социјалните мрежи со коментар се јави тренерот на Охрид –  Горан Андоновски.

Последниот натпревар од кој ќе зависи судбината на Македонија ќе се одигра денеска со почеток во 18:00 часот во „Олимпијахале“ во Минхен.