Андоновски: Охрид ти си дел од мојата фамилија, ти си дел од моето срце! (ФОТО)

Тренерот кој го водеше Охрид во последните неколку години, Горан Андоновски се огласи со свој коментар на неговиот Фејсбук профил. Тој реагираше после објавувањето на веста за промени на тренерската позиција во клубот и стави до знаење дека клубот останува во неговото срце.

„РК ОХРИД од нула до второ коло во ЕХФ купот. РК ОХРИД од нула до вицешампион во младинци. РК ОХРИД од нула до полни сали и победи. РК ОХРИД од нула буџет до 6 милиони и 300 илјади денари ваучер само од АМС и РФМ. Сè за што сонувавме јас и мојот покоен татко, Крсте Андоновски за ракометот во Охрид остваривме со многу работа и труд, време… Најискено му посакувам на РК Охрид годинава со најголемиот буџет во историјата за кој огромни заслуги имам и јас со резултатите и реномето на клубот години наназад да оди скалило погоре. РК ОХРИД ти си дел од мојата фамилија, дел од моето СРЦЕ. Благодарам Охрид. СЕКОГАШ СО СРЦЕ ЗА ОХРИД“.