Андоновски му одговори на Брестовац: Ги форсираат играчите на КЛ7, внуци и љубимци без минутажа…

Кадетската репрезентација на Македонија во деби учеството на Мундијалите, натпреварувањето го заврши на 13 место. Избраниците на Данило Брестовац имаа подеми и падови во текот на целото првенство, но на крајот сепак финишираа со победа на ривалот од кој загубија во првото коло – Аргентина.

Во ракометната јавност имаше полемики за изборот на играчите, а најгласен меѓу критичарите е поранешниот стратег на Охрид – Горан Андоновски. Тој му реплицираше на изјавата на Брестовац по завршувањето на средбата со Аргентина.

Брестовац: Ме навредуваат дека не им ги викам синовите, но кај мене никој не игра со „врски”