Ангола им „продаде“ троен цепелин на Унгарците (ВИДЕО)

Ракометарите на Ангола на Светското првенство дојдоа како аутсајдер, но подготвени да се натпреваруваат и доколку може да изненадат. Веќе на стартот успеаја да го совладаат Катар, а потоа во 2. коло иако загубија од Унгарија покажаа дека знаат да се надигруваат и да бидат атрактивни.

Ангола направи атракција против Унгарците во момент кога одлучија да направат троен цепелин при што го измамија голманот Роланд Миклер.

Цепелините се дел од акциите на сите селекции, но дефинитивно е храброст кога ќе се тргне во троен цепелин и вреди да се види неколкупати како тоа го прават ракометарите од Ангола.