Аморим: По крајот на кариерата се враќам да живеам во Македонија

Бразилската репрезентативка и македонска снаа Едуарда Аморим Талеска, ја освои петтата титула во Лигата на шампионите, а низата трае веќе три години. Претходно со Ѓер славеше и во 2013 и 2014 година.

Ракометарката што игра на левата бековска позиција, неодамна доби унгарско државјанство и го продолжи договорот со Ѓер на уште две сезони. Сепак вели дека најверојатна дестинација за неа по крајот на кариерата ќе биде Македонија.

„Го продолжив договорот со Ѓер и во следните две сезони ќе го носам дресот на европскиот првак. Потоа сакам да завршам со кариерата и да се вратам да живеам во Македонија“, вели Аморим за 24Ракомет.