Амандин Лејно за 24 Ракомет: Да ја донесеме титулата во Скопје, овие луѓе го заслужуваат тоа! (ВИДЕО)

Голманката на Вардар, Амандин Лејно имаше феноменални 15 минути во второто полувреме кога бранеше многу тешки удари и не дозволуваше да биде совладана. Добрата игра допринесе за да се дојде до убава предност на почетокот на вториот дел и Вардар да нема проблеми околку победата и пласманот на фајнл-фор турнирот.

300x250

Лејно после натпреварот со Митјиланд не ги криеше солзите и само потврди дека и на неа и е премногу тешко поради тоа што си заминува од Скопје на крајот од сезоната и изјави дека премногу го сака Вардар како клуб.

„Во исто време сум и тажна и среќна. Тагувам поради тоа што го одигравме последниот меч во оваа сала, а среќна што успеавме да се пласираме на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите. Посакувам да ги израдуваме нашите фанови и сакам да се вратиме од Будимпешта со титулата за да можеме да им го подариме она што овие навивачи го заслужуваат“, изјави Амандин Лејно за 24 Ракомет.