Алушовски: Сè е добро кога добро ќе се заврши!

Еурофарм Работник го  победи шведскиот Савехоф со минимални 32-31, со погодокот на Мирко Радовиќ во последната секунда. Тренерот Стевче Алушовски е задоволен од победата, но не и од изданието на неговите избраници.

„Честитки за моите ракометари за победата. Ова сценарио ни се случува речиси на секој натпревар оваа сезона. Играме одлично прво полувреме, имаме игра и водство, но во второто моите ракометари ги  губат главите и затоа бележевме порази од по еден гол разлика. Сепак, не можам да им замерам на моите ракометари, затоа што сите минуваме низ еден тежок период, поради проблемите со повредени играчи. Можеби звучам песимистички, но кога работите едно на тренинзите, а на терен се спроведува друго, многу е тешко да се работи во такви услови. Се е добро кога добро ќе се заврши и наше е да продолжиме напорно да работиме и да се надеваме на нови победи“, изјави Алушовски. 

Следен предизвик за битолчани ќе биде дуелот од деветтото коло на гостувањето во Финска кај тимот на Кокс.