Алиловиќ за 24Ракомет ТВ: Сигурен сум дека Вардар пак ќе биде голем (ВИДЕО)

Ракометарите на ПИК Сегед не знаеја што ги снајде во пеколниот „Јане Сандански“ и ќе се вратат дома со пораз од осум голови разлика, 31-23.

Голманот Мирко Алиловиќ, кој бранеше солидно во првиот дел, а запре и три удари од седум метри, вели дека шансата за Сегед се уште постои.

„Спортски е да се надеваме дека може да го елиминираме Вардар. Имаме десетина дена да се подготвиме и да го намачиме Вардар, одиме по Ф4 во Сегед. Ова е феноменално, ваква атмосфера и вакви навивачи нема никаде, но сигурен сум дека Вардар пак ќе биде голем“, вели Алиловиќ за 24Ракомет ТВ.

Целосната изјава може да ја погледнете во продолжение…