Актуелни и поранешни репрезентативци на трибините во салата во Прилеп (ФОТО)

Во двата дена на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ се играат четири официјални и два ревијални натпревари, а на трибините има многу познати лица кои имаат оставено голем белег во историјата на ракометот во Прилеп, но и во ракометот во Македонија.

Денеска на финалниот ден средбите ги следеше и актуелниот репрезентативец на Македонија, Николче Митревски, кој искористи малку слободно време да допатува од Романија и да се види со своите пријатели и колеги.

Тука е и поранешниот пивот на Вардар и на Металург, Младен Ракчевиќ, кој сега е дел од тимот на Ловќен. Исто така тука е и Наумче Мојсовски чиј тим игра во финалето на турнирот против екипата на Пролет.

Тројцата ги носеа дресовите и на Вардар и на Металург и имаа многу заеднички настапи, па овој турнир беше одлична можност за уште еднаш да се сретнат и да се потсетат на убавите денови кога беа заедно на теренот.

Покрај тоа во нивно друштво е и тренерскиот тандем на Струга, Андон Бошковски и Ристо Калајџиоски.