Ако не може на терен тогаш од трибини: Славиша Димитријески ги водеше „Рибари“ (ФОТО)

Екипата на Охрид славеше над Пелистер со 25:22 во меч од 9. коло од Супер машката лига, но на овој натпревар се соочи со проблеми бидејќи во вториот дел од средбата остана без Славиша Димитријески и Дарко Георгиевски.

И двајцата заработија црвени картони на крајот од првото полувреме поради мешаницата која што се случи, па вториот дел го следеа од трибините.

Сепак, Славиша Димитријески имаше подобро место бидејќи се најде на делот од трибините каде беа „Рибарите“ и беше нивни водач во клучните моменти од натпреварот.