Академијата Алушовски почна со 5. ракометен камп во Маврово

Денеска е веќе треттиот ден како се работи на кампот во Маврово кој е во организација на Академијата Алушовски. Како и во минатите години и овој пат има голем број на млади ракометари кои присуствуваат на овој камп, а вкупно 70 ракометари и ракометарки ќе имаат можност за напредок работејќи заедно со со тренери кои се добро познати во овој спорт.

Покрај Стевче Алушовски, тука е и поранешниот селектор на женската репрезентација на Македонија, Лефтер Бошковски, како и Александар Јовиќ и Благојче Весиќ.

Во првите два дена младите ракометари и ракометарки имаа можност да се дружат и со дел од репрезентативците на Македонија. На тренинзите беа и Кирил Лазаров, Никола Митревски, Филип Талески, Филип Лазаров, Андон Бошковски… а најавено е присуство и на Дејан Манасков, Филип Миркуловски, Филип Кузмановски, Наумче Мојсовски, Петар Ангелов, Раде Стојановиќ…

Младите ракометари и ракометарки работат по двапати дневно, а ова е одлична можност покрај тоа што тренираат и добиваат можност за напредок и да се дружат со ракометните икони во Македонија и да се запознаат со нив.