Австрија и Италија си обезбедија А-дивизија

Ракометарите на Италија до 18 години го освоија турнирот во Грузија на кој Македонија финишираше на 4. позиција. Воедно со тоа си обезбедија пласман во А-дивизијата каде ќе играат на следното Европското првенство и во кадетска и во младинска конкуренција.

Втората селекција која си обезбеди пласман е Австрија, која победи на вториот турнир на кој беше домаќин. Со ова овие две селекции ги менуваат Полска и Романија кои завршија на последните две места на Европското првенство во Хрватска.

Репрезентацијата на Италија играше во одличен ритам на ЕХФ-шампионатот за кадети кој се одржа во Грузија, а во финалето ја совлада Белорусија со резултат 31:26.

Австријците славеа над Чешка во финалето со 23:17, а имаа голема поддршка од трибините во Тулн.