Абинг: Треба да бидеме горди на тоа што го направивме

Ростов не успеа да му застане на патот на Ѓер кон нова шампионска титула, но го натера да стравува во финишот за резултатот. Најдобра во рускиот состав беше Луис Абинг. Таа смета дека лошиот прв дел бил причина за поразот.

„Треба да бидеме горди што не се откаажвме и се боревеме до крајот на натпреварот. Најбитно од се е тоа што покажавме тимски дух во изминативе два дена. Направивме неколку грешки во првиот дел и тоа не чинеше но сепак треба да бидеме горди на постигнатото и да продолжиме со одличната работа и во следната сезона“, изјави Абинг.