Јехона без мака против Преспа

Ракометарите на Јехона по убедливиот пораз на гостувањето кај составот на КЛ7 во Скопје, се вратија на победничките патеки.

Во рамките на натпреварот од 10. коло во групата 2 од Првата лига во Гостивар го совладаа тимот на Преспа со убедливи 34-23.

Со овие бодови, Јехона сега има 9, исто колку Преспа, но овие две екипи сезонава ќе мораат да се задоволат со играње во плеј-аут, иако остануваат уште теоретски шанси за место во разигрувањето за Суперлига.

Во следното коло тимот од Гостивар ќе игра со Аеродром во Скопје, додека Преспа оди на ново гостување во Гевгелија кај Партизан.