Шок во Шпаркасе арена, Порто го реши Кил и го врати Вардар во трка за прво место

Екипата на Кил го претрпе првиот пораз сезонава во Лигата на шампионите, а шокот во „Шпаркасе арена“ го приреди Порто откако во финишот од средбата со головите на Фернандез и Силва Соуза Мартинс стигна до победа од 28:27.

Шампионот на Португалија знаеше како да го казни лидерот во Групата Б со што го остави без планирани бодови. Надигрувањето беше големо, но Кил не знаеше као да се задржи во предност. При 27:27 Билик не реализираше после тајм-аут, па тоа Порто го искористи преку Мартинс и стигна до погодок за победа.

Со овој триумф составот на Порто се избори за важни поени и сега од првото до 6. место разликата во поени е само три.

Најефикасни во редовите на Порто беа Итуриза Алварез со шест гола, Салина Амадор со пет и Фернандез со четири. Во Кил, Екберг реализираше седумпати, а шест гола постигна Рајнкинд.

Денеска победа забележа и Монпелје на гостувањето кај Мотор Запорожје со 26:25, па шампионот на Франција се израмни со Вардар според бројот на бодови, но има послаб меѓусебен дуел.