Шах-мат во три потези: Хановер ги скроти „лавовите“, но секунда ги спаси од пораз (ВИДЕО)

Дербито во 10. коло во Бундес лигата се играше во Хановер, каде што Хановер и Рајн Некар одиграа интересен и максимално неизвесен натпревар и на крајот ги поделија бодовите. Конечниот резултат беше 29:29. Двете екипи добија по едно полувреме, а во последните 10 секунди и едните и другите имаа шанса за победа но недостасуваше секунда или две. Рајн Некар имаше напад за победа, но лошо го организираа и пасот на Енди Шмид до десното крило беше пресечен. Цехте веднаш упати удар кон голот на Рајн Некар но…Погледнете во следното видео….