Чупиќ: Ни фалат играчи…

Вардар загуби убедливо од  полскиот првак Келце со 35-25 и си го закомплицира пласманот во следната фаза од повисоките позиции. Десното крило Иван Чупиќ, кое и на овој дуел играше како десен бек вели дека концентрацијата попуштила во финишот.

„Четириесетина минути бевме во игра, но во последните минути не одигравме како што треба. Ни фалат многу играчи, Дисингер и Атман се обидуваа да направат се, а претходно се вратија од повреда. Сепак Келце заслужено победи“, изјави Чупиќ.

Следна обврска за Вардар ќе биде пресметката со Мешков Брест, додека последниот предизвик за годинава ќе биде домашниот меч со Веспрем.