Хробри Глогов ја плати сметката на Вардар

По ремито со европскиот шампион Вардар, 28-28 во Лигата на шампионите, ракометарите на Келце се вратија на обврските во домашниот шампионат.

Бесот што не победија во Скопје, избраниците на Талант Душебаев, го истурија врз составот на Хробри  Глогов, кој беше совладан со 27-34.

Најдобар стрелец кај Келце беше словенечкиот интернационалец Блаж Јанц со 12 погодоци, Бранко Вујовиќ даде седум, а Артем Каралек постигна четири голови.

Вардар денеска ќе го одигра натпреварот со Мотор, па ќе има уште еден за тренинзи пред петочното патување за Келце и дуелот в сабота со домаќинот.