Хановер не ги пушта најдобрите, им ги продолжува договорите

Екипата која долго беше лидер во Бундес лигата, а сега е израмнета со Флензбург, Хановер работи на иднината на тимот и веќе почна да ги продолжува договорите на ракометарите кои покажуваат добра форма.

Репрезентативецот на Хрватска, 28 годишниот пивот, Илија Брозовиќ денеска доби нов договор кој ќе биде со траење до летото во 2022 година.

Со ова тој има обезбедено уште две сезони покрај оваа, па може мирно да ја продолжи сезоната во која Хановер игра одлично и е меѓу најдобрите во Бундес лигата.