Фуриозно издание на КЛ7 против Партизан

Ракометарите на КЛ7 во 7. коло од Групата 2 во Првата лига остварија висока победа против составот на Партизан. На домашен терен КЛ7 триумфираше со 42:20 и понатаму го одржува чекорот со првопласираниот Тиквеш.

Уште од самиот почеток на мечот домаќините најавија дека се решени да запишат нови бодови. Почетното водство од 5:2 продолжи да расте, со поквалитетна игра КЛ7 до полувремето обезбеди двоцифрена предност со што го реши победникот. По 30 минути игра беше 21:10.

Во вториот дел продолжи доминацијата на КЛ7, започнаа со серија 9:1 која им овозможи оргомна позитива. Ракометарите на Партизан беа немоќни и целосно надиграни на натпреварот и мораа да се помират со нов пораз.

Најефикасен на натпреварот беше играчот на КЛ7, Александар Стојков со десет погодоци, во екипата на Партизан најефикасен беше Џоко Јанев со шест гола.

КЛ7 – ПАРТИЗАН 42:20(21:10)

Сала: Круме Кепески. Гледачи: 150. Судии: Сања Божиновска и Адриана Здравковска. Делегат: Васил Зипевски.

КЛ7: Џигероски 1, Трајкоски 2, Стојков 10, Крстески, Цветаноски, Ѓоргиев 5, Петрески, Симоноски 5, Василев 2, Ерманоски, Илиески 3, Павлов 2, Димовски 4, Гучески 5, Јорданов, Мирчески 3.

Седмерци: 1/1. Исклучувања: 2 мин.

ПАРТИЗАН: Јанев 6, Димев, Ангелов, Роглев, Вегов 2, Лисичков 5, Димитров, Трајков, Маренчев, Д.Узунчев, Т.Узунчев 5, Ангов, Митров, Георгиев, Р.Узунчев.

Седмерци: 0/1. Исклучувања: 2 мин.