Фуксе Берлин го сопре Кил, триумф на Пешевски порази за Талески и Томовски

Три репрезентативци на Македонија беа на терените низ Германија вечерва и само пикерот Жарко Пешевски со својата екипата Штутгарт се радуваше на победа, a Филип Талески и Мартин Томовски беа поразени. Во дербито на колото Фуксе Берлин го совлада Кил со 29:28.

Штутгарт пред своите гледачи оствари важна победа против екипата на Мелсунген со 31:28. Пешевски и колегите во текот на целиот натпревар имаа предност, а водството од првото полувреме од 13:10 успеаја да го задржат до крај на мечот. Пешевски постигна еден гол на натпреварот.

На тешкото гостување кај Фленсбург составот на Филип Талески, Балинген немашe сили да стигне до изненадување и бeше поразен со 32:25. Во поразот на својот тим Талески два пати се запиша во листата на стрелците.

Лудвигсхафен на Мартин Томовски беше на чекор до изненадување против Хановер пред своите гледачи, но во финишот попуштија и беа поразени со 26:24. Томовски имаше мала минутажа на овој натпревар и не успеа да запише интервенција.

Во петиот натпревар Лемго имаше одлично издание и на домашен терен ја совлада екипата на Рајн Некар Левен со 30:25 со што приреди изненадување.