Тиквеш фати залет, покажа моќ против Борец во Кавадарци

Ракометарите на Тиквеш на домашен терен остварија супериорна победа над Борец во рамки на 4. коло од групата 1 во Првата машка лига. Кавадарчани славеа со 42:13 и се зацрврстија на првата позиција на табелата со максимален ефект.

Многу рано беше познат победникот на натпреварот, после 2:2 сè беше во знакот на домаќинот и до крајот на полувремето има огромни 21:6.

Борец беше комплетно надигран и на крајот мораше да си замине со премногу висок пораз. Второто полувреме беше само формалност.

Во екипата на Тиквеш по шест гола постигнаа Димитар Минов и Борис Ристовски и беа најефикасни за својот тим. Во поразениот тим најпрецизен беше Лазар Стојанов исто така со шест гола.