Симовски објави список, „домашните“ сениорки на собир (ФОТО)

Селекторот на женската сениорска репрезентација, Симе Симовски, објави список на 19 ракометарки за претстојниот собир во Куманово.

По завршувањето на натпреварите од есенскиот дел во Женската лига, има слободен термин за собир со ракометарките кои ќе се борат за место во сениорскиот дрес, иако дел од нив веќе и настапуваат за сениорките.

Повиканите ракометарки се од Вардар, Металург, Куманово и Чаир, водечката четворка во македонскиот женски клупски ракомет.

Собирот ќе биде во 18:30 часот, а тренинзите ќе се одвиваат во спортската сала во Куманово.