Се загрева атмосферата пред ЕП: Македонија може да почне да сонува (ВИДЕО)

Европската ракометна федерација го најави учеството на Македонија на претстојното Европско првенство во Австрија, Норвешка и Шведска.

Ова ќе биде шесто учество на континенталните собири за нашата репрезентација, која повторно ќе биде предводена од рекордерот по број на постигнати голови на ЕП, Кире Лазаров.

Македонија е во групата Б, со домаќинот Австрија, Украина и Чешка.