Светскиот првак од пред две години се задоволи со Президент купот во Јапонија

Селекцијата на Франција која пред две години ја освои титулата на Светското првенство кое се одржа во Германија, на Мундијалот во Јапонија мораше да се задоволи со нов трофеј, но оној уштениот од Президент купот.

Франција во последниот меч на Светското првенство дојде до триумф над Унгарија од 26:21 откако во првиот дел беше израмнето. Триколорките имаа тешка средба исто како што беше и цел шампионат, но на крајот успеаја да завршат со триумф. Иако 13. место е далеку од амбициите на бранителот на трофејот, сепак, немаше друга можност после променливите игри во групната фаза.

Инаку, Мундијалот заврши за 12 репрезентации откако денеска ги одиграа средбите за пласман.

ПРЕЗИДЕНТ КУП

13. МЕСТО

ФРАНЦИЈА – УНГАРИЈА               26:21 (12:12)

15. МЕСТО

АНГОЛА – АРГЕНТИНА 30:27 (13:17)

17. МЕСТО

БРАЗИЛ – СЕНЕГАЛ        22:18 (13:9)

19. МЕСТО

СЛОВЕНИЈА – КОНГО    29:27 (14:13)

21. МЕСТО

КУБА – КАЗАХСТАН        33:31 пен. (29:29, 15:14)

23. МЕСТО

КИНА – АВСТРАЛИЈА    33:15 (17:7)