Саздовска и Турингер се пласираа во групите на ЕХФ Купот

Тимот на Турингер сезонава не доби вајлд карта за настап во Лигата на шампионите, па мораше да се задоволи со место во ЕХФ Купот.

Во третото квалификациско коло од второто по ранг европско натпреварување, германскиот тим каде што игра македонската репрезентативка Јована Саздовска, ја елиминира руската Астраханочка.

По поразот на првиот меч од три гола, Турингер во реваншот победи со 30-25 и обезбеди место во групната фаза, а Саздовска постигна четири погодоци на овој дуел.