Прилепчанки се главни во Пелагонија: Деспина триумфално против Пелистер

По двата убедливи порази во Челинџ Купот од српскиот Зајечар, ракометарките на Пелистер загубија и во заостанатиот натпревар од Женската лига.

Битолчанки беа поразени на гостувањето кај Деспина во Прилеп со 28-25. Домашните ракометарки поведоа со 3-0, па 10-3, а до паузата беше 16-12.

Во второто полувреме Пелистер стигна до минус еден, 24-23, но немаа сили за комплетен пресврт. Деспина погоди уште два пати по ред за 26-23 и до крајот ја задржа предноста за победа.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Рипилоска со девет и Филипоска со пет, додека кај Пелистер девет постигна Анчева, а пет пати погоди Талевска.