Португалија без Дуарте на Европското првенство

Репрезентацијата на Португалија ќе биде значително ослабена на Европскиот шампионат откако Жилберто Дуарте заработи повреда на коленото.

Ракометарот на Монпелје се повреди на натпреварот во купот на Франција против ПСЖ. Лекарските прегледи кај Дуарте покажаа дека се повредени лигаментите на левото колено.

Најверојатно Португалецот од повредата ќе се опорави без операција, но во секој случај рехабилитацијата  ќе трае од два до три месеци.

Според овие прогнози левиот бек сигурно нема да биде во можност да и помогне на својата репрезентација на Европското првенство на кое Португалија е во група со Норвешка, Франција и Босна и Херцеговина.