Поранешна репрезентативка е нов тренер на Пелистер!

Амбициозната екипа на Пелистер во новата сезона ќе биде предводена од старо-новиот тренер, Александра Здравевска, која го презеде кормилото на битолската екипа.

Досегашниот тренер Кире Митревски и клубот се разделија, па негова замена ќе биде некогашната македонска репрезентативка и поранешна членка на Пелистер, Еуростандард Ѓорче Петров, Кале Кичево, Амбалажа Кабран, Жито Прилеп, Приштина од Косово, како и Аминтас Аминтау од јужниот сосед на Македонија.

Здравевска се враќа на кормилото на битолскиот клуб по кратка пауза.

„Од оваа сезона повторно застанувам на тренерската позиција. Со поголемиот број на ракометарки сме соработувале во минатото. Во екипата имаме доста нови ракометарки меѓу кои и две интернационалки за кои очекувам дека ќе донесат искуство, бидејќи сме многу млада екипа, а секогаш кога ќе се спојат младоста и искуството резултатот не може да изостане. Што се однесува до амбициите, целта е на котираме високо на табелата и да се обидеме да обезбедиме излез на европска сцена. Веќе започнавме со припремниот дел и до крајот на месецот планирано е да се организира меѓународен турнир со домашни и екипи од соседството“, вели Здравевска за 24Ракомет.

Пелистер ќе биде дел од групата А во Женската лига заедно со Скопје, Шампион, Спартак, Куманово, Вардар, Чаир и Гевгелија.