ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еурофарм со победничкиот ростер ќе му се спротистави на Кокс (ФОТО)

Тимот на Еурофарм Работник денеска го игра претпоследниот натпревар оваа сезона во Лигата на шампионите и гостува кај финскиот првак Кокс.

Стратегот Стевче Алушовски ќе смета на истите ракометари што го победија шведскиот Савехоф минатиот викенд во Битола.

Отсуствуваат голманот Благојче Трајкоски, како и повредените Невен Стјепановиќ и Милорад Кукоски.

Натпреварот меѓу Кокс и Еурофарм Работник се игра од 18:00  часот во „Кокс Арена“ во Рихимаки, а ќе го судат словенечките арбитри Озрен Бацковиќ и Мирко Палачковиќ.