Охрид прокнижи планирани бодови

Ракометарите на Охрид имаа лесна задача на гостувањето кај Работнички и запишаа планирани бодови со победата од 37:27 во 11. коло од Суперлигата.

Фаворитот на овој дуел немаше многи проблеми да оствари нова победа. Гостите предността започнаа да ја градат уште од почетокот. Работнички беше во резултатски приклучок само до 4:4, потоа Охрид со добри минути поведе со 13:7, предност која ја зачува до крајот на првиот дел. На полувреме Охрид имаше водство 20:13.

Во продолжението се покажа дека ова водство е сосема доволно за конечна победа на наптреварот. Во поголемиот дел од второто полувреме Работнички беше на негатива од четири гола, но никано не успеваше до крај да го загрози водството на Охрид. Во завршницата Охрид направи 5:0 серија за двоцифрен триумф.

Најзабележителен во составот на Работнички беше Давор Павлевски со 11 погодоци, а Гичев и Полиак постигнаа по пет. Во составот на Охрид најпрецизен беше Блажески со десет гола, а го следеше Тасески со седум.

РАБОТНИЧКИ – ОХРИД 27:37 (13:20)

Сала: СРЦ Кале во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

РАБОТНИЧКИ: Куртановиќ, Петковски, Виларов, Кочаров, Стефановски, Темелкоски 4, Гичев 5, Полиак 5, Осман, Фиданов 1, М.Кочаров, Павлески 11, Михајловиќ 1, Џепаровски, Богоевски.

Седмерци: 2/4. Исклучувања: 6 мин.

ОХРИД: Брауновиќ, Андоноски 2, Кривокапиќ 5, Блажески 10, Костов 1, Гошевски 2, Тсителишвили, Иваноски, Соколов, Тасески 7, Манасков 4, Иваноски 2, Ристески Анастасовски 1, Тот 3, Даниловски.

Седмерци: 2/2. Исклучувања: 10 мин.