Охрид ги почести своите навивачи со роденденски триумф против Пролет

Дербито на 10. коло во Супер машката лига меѓу Охрид и Пролет донесе многу возбудувања, а на крајот победа забележа домашната екипа со 29:28. Во одлична атмосфера во СЦ „Билјанини Извори“, Охрид им се оддолжи на своите навивачи „Рибарите“ со победа за поддршката која ја имаа на овој меч и им овозможи роденденот да го прослава со победа.

Охрид имаше добар почеток на натпреварот кога направи предност од три гола која успешно ја одржуваше во поголемиот дел од првото полувреме. На паузата домашните заминаа со предност од 16:12.

Во продолжението Пролет никако не успеваше да се доближи до противникот. Во 41. минута Охрид имаше највисока предност од шест гола, 23:17, но следуваше серија на Пролет од 3:0 со што ја преполови негативата.

Ракометарите на Охрид играа сигурно, а имаа поддршка и од голманската позиција. Јагош Брануовиќ беше еден од најзаслужните за победата со неговот фантастично издание, во одлучувачките моменти одбрани седмерец на Поповски и уште неколку зицери од шест метри. Ова овозможи домашните да влезат во завршницата со плус пет гола. Ваква предност имаа на две минути до крајот.

Во финишот Пролет се обиде со пресинг да стори нешто, успеаја украдат неколку топки и да постигнат брзи голови, но негативата беше превисока за да се избегне пораз. Најефикасни кај Охрид беа Манасков и Тот со по шест гола. Во составот на Пролет убедливо најдобар беше Мартин Поповски со 11 погодоци.

ОХРИД – ПРОЛЕТ 29:28 (14:12)

Сала: СЦ „Билјанини извори“ во Охрид. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

ОХРИД: Брануновиќ, Андоновски 3, Кривокапиќ 1, Блажески 3, Костов, Гошевски, Тсителишвили 2, Иваноски, Соколов, Тасески 5, Манасков 6, Ивановски, Димитриески, Анастасовски 3, Тот 6, Даниловски.

Седмерци: 2/2. Исклчувања: 12 мин.

ПРОЛЕТ: Кристо, Василевски 3, Аларов, Поповски 11, Давитковски, Манев, Додевски, Коруновски, Андоновски 5, Кизиќ, Џонов 6, Мајнов 3, Дамчевски, Стојановски, Игнов.

Седмерци: 4/6.  Исклучувања: 8 мин.