Ончев заминува од Вернон

Поранешниот младински репрезентативец и член на европскиот шампион Вардар – Тоше Ончев по само една полусезона ќе си замине од францускиот третолигаш Вернон.

Ончев лани настапуваше за Вернуј, каде беше еден од главните стрелци, а сезонава се реши за нов предизвик во Вернон и се чини дека погреши.

Како одминуваше времето неговата минутажа се намалуваше, па според француските медиуми, тој ќе побара нов клуб во пролетната полусезона.