„На крајот од сезоната не ја завршувам тренерската кариера“

Велимир Петковиќ на крајот на сезоната ќе го заврши ангажманот во Фуксе Берлин, но тоа не претставува и крај на неговата тренерска кариера.

Пред петнаесетина дена Фуксе Берлин на официјална прес конференција објави дека сегашниот тренер Петковиќ ќе биде заменет по крајот на сезонава. Негов наследник ќе биде младиот Јарон Сиверт кој сега е тренер на екипата на Тусем во Втората Бундес лига.

Петковиќ за „Скај Mикрофон“ изјави дека не сака да ја заврши кариерата на крајот на сезоната.

„После сезоната сè уште сакам да тренирам екипа затоа што сум уште фит и се чувствувам дека можам да продолжам понатаму. Јас би сакал да останам во Бундес лигата и да работам уште две-три години, но ако добијам понуда од надвор нема да кажам не“, изјави 63 годишниот Петковиќ.

Петковиќ е на клупата на Фуксе Берлин од декември 2016 година.