Можен македонски двобој во СЕХА: Вардар на мегдан со Еурофарм или Нексе во четвртфиналето?

Ракометарите на Вардар со победата над Татран Прешов со 28-26 во 9. коло од регионалната СЕХА лига, го обезбеди првото место во групата А, а со тоа шампионот обезбеди директно место во четвртфиналето на ова натпреварување.

Ривал на вардарци треба да биде подобриот од дуелот меѓу петтопласираниот од групата А и четвртопласираниот од групата Б, а таму се хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице и македонскиот Еурофарм Работник.

Многу веројатно е дека овие две екипи ќе останат на своите позиции и по завршувањето на регуларниот дел, па доколку Еурофарм во осминафиналето биде подобар од Нексе, ќе оди на мегдан на вардарци во март.

Осминафиналните двобои се играа во февруари, додека четвртфиналните на почетокот на март. Завршниот турнир во СЕХА ќе се одржи на почетокот на април.