Митревски: Ќе излеземе да се бориме за секоја топка

Во Битола денеска гостува екипата на Савехоф и ова ќе биде обид на Еурофарм Работник да го поправи впечатокот од овој викенд со настапите во Европа на македонските тимови. Македонскиот тим нема шанси за прогрес во елиминациската фаза пред осминафиналето на Лигата на шампионите, но и покрај тоа има големи мотиви за победа.

„Сметам дека Савехоф доаѓа со блага фаворитска улога. Причината не е што се поквалителни, туку тоа што ние сме преполни со повредени ракометари и тоа веќе подолг период. Се забележува дефицитот во одбраната, немаме ротација и на тоа се должат убедливите минатиот месец. Нема да се предадеме, ќе излеземе да се бориме за секоја топка, да дадеме свој максимум и конечно пак да ја израдуваме битолската публика“, изјави Митревски.

Натпреварот меѓу Еурофарм Работник и Савехоф се игра денеска со почеток во 17:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.