Мартин Јовановски се пресели во Алжир – ќе ги брани боите на вицешампионот

Голманот кој во минатата сезона беше на голот на Охрид и на Пелистер – Мартин Јовановски, во новата сезона ќе го има првиот интернационален предизвик.

Јовановски потпиша договор со вицешампионот на Алжир, ГС Петролие и ќе настапува за овој тим до крајот на сезоната.

Тој е првиот европски ракометар што станал дел од ГСП, а дебито за алжирскиот вицепрвак и освојувач на Купот во минатата сезона, треба да го има в петок.

Покрај за матичниот клуб Пелистер, Јовановски беше дел и од составот на Еурофарм Работник.