Македонски двобој во Купот на Франција: Лазаров и Нант со триумф над Георгиевски и Анжер

Тимот на Нант, каде што настаува капитенот на македонскиот национален тим – Кире Лазаров, обезбеди место во осминафиналето на Купот на Франција.

Нант победи на гостувањето кај третолигашот Анжер, каде што настапува уште еден македонски репрезентативец Дарко Георгиевски, со убедливи 24-41.

Лазаров даде четири погодоци во триумфот, додека Георгиевски постигна еден гол. Ривалот на Нант во осминафиналето ќе биде познат по комплетирањето на сите натпревари.