Македонија тргна со реми на турнирот во Анталија

Репрезентативките кои се дел од сениорската репрезентација на Македонија стартуваа со нерешен резултат на турнирот во Турција, кој се одржува во Анталија. Против селекцијата на Италија избраничките на Симе Симовски одиграа нерешено 29:29.

Дел од ракометарките кои се стандардни во сениорскиот состав останаа во Скопје така што на овој турнир има и неколку ракометарки кои се дел и од кадетската селекција, но и од младинската. Тие имаа тешко прво полувреме во кое беа во негатива од 13:16, но потоа во вториот дел работите беа изменети, па Македонија го доби со истиот резултат за поделба на пленот.

Ова е првиот од четирите средби кои ќе бидат одиграни за време на турнирот. Утре претстојат пресметки со двете селекции на Турција. Прво од 9:30 часот ќе биде одигран двобојот со Турција Б, а потоа од 15 часот следи и меч против првиот состав на домаќинот. Последниот натпреар за Македонија е в понеделник против Косово од 15 часот.

Утрешните ривали на Македонија денеска имаа меѓусебен дуел. Првиот состав на Турција славеше со 38:20 против вториот тим.