Лоши вести за стружани, ќе мора да платат казна

Екипата на Струга која после седум одиграни кола е последна со еден поен исто колку што има и тимот на Металург 2 доби лоши вести од Дисциплинската комисија на РФМ, па ќе мора да плати казна за организацијата на натпреварот со Охрид од последниот викенд.

Стружани според член 14 од Пропозициите каде што има огромен број на моменти според кои можат да бидат казнети ќе мораат да платат казна од 10.000 денари.

Ова секако ќе им биде проблем со оглед на и онака големите проблеми во кои се најде клубот од стартот на сезоната, а веќе е јасно дека екипата е со многу послаб играчки кадар од лани и дека сезонава ќе биде тешко да се обезбеди опстанок.