Листа на стрелци: Трката продолжува, но Палевски создава предност

Левото крило на Работнички, Давор Палевски одработе уште еден одличен натпревар. Иако тимот на Работнички не игра според очекувањата, сепак, тој продолжува да ги полни мрежите на противничките состави.

Веќе успеа да направи предност од 12 гола во однос на главниот конкурент Ивица Илиев и сè поизвесно е дека трката за првото место нема да биде така неизвесна како што се очекуваше.

Затоа од 3. до 10. место разликата е 11 погодоци, па тука уште може да има промени во однос на распоредот на ракометарите.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ПОСЛЕ 11. КОЛО)

ТОП 10

116 – Давор Палевски (Работнички)

104 – Ивица Илиев (Радовиш)

70 – Мирко Мајиќ (Бутел Скопје)

70 – Мартин Поповски (Пролет)

69 – Стефан Крстевски (Вардар јуниор)

67 – Иван Џонов (Пролет)

67 – Филип Николов (Радовиш)

64 – Стефан Талевски (Пелистер)

60 – Филип Кривокапиќ (Охрид)

59 – Лука Стојановиќ (Металург 2)