Лазаров и Нант со нов триумф, се доближија до врвот во Франција

Тимот на Нант, каде што игра капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров, забележа победа во 10. коло од францускиот шампионат.

Нант на домашен терен беше подобар од составот на Истр со 29-26, иако во првото полувреме имаше предност од шест голови, 18-12.

Лазаров не мина многу време на теренот и успеа да постигне само еден погодок. Ова беше успешен тест за Нант пред реваншот од ЕХФ Купот против норвешкиот Арендал.