Крстевски и Костески испуштија победа над Грац

Тимот на Линц, каде што настапуваат двајцата македонски интернационалци Никола Костески и Горан Крстевски, освои бод против Грац на мечот што заврши 29-29.

Иако домашните водеа и со седум разлика во текот на натпреварот, и на крајот имаа предност од плус два што ја донесе Крстевски, сепак мораа да се задоволат со реми.

Крстевски беше втор стрелец во домашниот тим и постигна шест голови од седум обиди, Костески даде пет од шест удари, додека и двајцата поделија по две асистенции.