Кога сакаш некого, ниту 10.000 километри не се многу! (ФОТО)

Некогашниот холандски фудбалер Рафаел ван дер Варт, мораше да патува повеќе од 10.000 километри, за да и даде поддршка на својата девојка Естеван Полман.

Ракометарката на Есбјерг, настапува за холандската репрезентација која во моментов игра на Мундијалот во Кумамото, Јапонија и обезбеди втор круг по победата над Србија.

На трибините на мечот беше и легендарниот фудбалер, кој секогаш е најголема поддршка за ракометарката со која се забавува последните неколку години и со која ја има ќерката Џеслин.