Кавадарчани на максимум: Тиквеш го „преживеа“и Богданци

Ракометарите на Тиквеш играат одлично во групата 2 од Првата лига и ја забележаа седмата победа во серија и сега ги имаат совладано сите конкуренти по еднаш.

Кавадарчани имаа незгодно гостување во Богданци кај составот на Младост, но победија убедливо со 26-36, откако и на полувреме имаа водство со 8-13.

Домашните го контролираа резултатот до средината на првиот дел, но почнаа да прават грешки во нападот и гостите тоа го искористија за лесни голови во брзи контри.

Вториот дел беше само рутинско одработување на задачата за кавадарчани, кои се чини дека сезонава се решени да се изборат најмалку за бараж за елитното друштво.