Илкова и Ѓорѓиевска го носеа Измир до победа

Тимот на Измир, каде што настапуваат двете македонски интернационалки, Ленче Илкова и Душица Ѓорѓиевска, забележа победа во турскиот шампионат.

Измир славеше на гостински терен кај составот на Гореле со 23-31, а главни на теренот беа нашите ракометарки.

Ѓорѓиевска постигна пет погодоци, а Илкова додаде уште четири. Измир сега е трет на табелата зад Јенимале и Кастамону.