И Австрија со познати сили на ЕП: Божовиќ, Бауер, Билик…(ФОТО)

Еден од домаќините на Европското првенство во јануари, Австрија, односно селекторот Алеш Пајовиќ, го објави списокот на 28 ракометари од кои ќе одбере 16 што ќе играат против Македонија во Виена.

Пајовиќ ќе може да смета на сите расположиви сили. Бековите Никола Билик, Јанко Божовиќ и Александар Херман, крилата Роберт Вебер и Себастијан Фримел, Томас Бауер на голот, а тука е и пивотменот Лукас Хербургер.

Натпреварот меѓу Македонија и Австрија се игра во третото коло на 14 јануари во „Виенер Штадхале“.