Двете Македонии одиграа братско реми (ВИДЕО)

Со натпреварот меѓу Македонија А и Македонија Б заврши меѓународниот пријателски турнир во кадетска конкуренција што изминатите четири дена се одржуваше во салата во Автокоманда.

Натпреварот меѓу двете наши селекции заврши 22-22, иако во поголемиот дел од мечот Македонија Б ја имаше предноста, а на неколку секунди до крајот имаше и напад за победа што не беше реализиран.

Од претходно беше познато дека Србија е освојувач на турнирот со максимални четири победи против сите ривали и 12 бода, а на второто место заврши Македонија Б со седум бодови, Босна и Херцеговина е трета со шест, додека четврта е селекцијата на Македонија А со четири бодови.