Голема чест за Вид Кавтичник – номиниран за член во Меѓународниот олимписки комитет

Словенечкиот интернационалец и член на францускиот Екс ан Прованс, Вид Кавтичник доби големо признание. Тој е номиниран меѓу кандидатите за Спортската комисија при Меѓународниот олимписки комитет.

„Чест ми е и горд сум што можам да објавам дека сум еден од номонираните членови во Спортската комисија при Меѓународниот олимписки комитет. Ветувам дека ќе дадам се од себе за да помогнам на спортистите и ќе ги застапувам олимписките вредности, дух и движење штом ќе бидам избран“, изјави Кавтичник.

Тој има богата клупска кариера, а исто така и репрезентативна. До минатата сезона настапуваше во Монпелје од 2009 година со кој стана и европски шампион. Од оваа сезона остана во Франција, но е член на Екс ан Прованс. Со репрезентацијата на Словенија има сребрен медал на ЕП.